ГРАДЕЛЕ БЕЗ ДОКУМЕНТИ И ЗАРАБОТИЛЕ МИЛИОНИ Кривична за двајца инвеститори од Кичево

Б.Т. и В.Т. од Кичево, без одобрение за градба, изградиле станбено-деловен објект и оствариле противправна корист од над 18 милиони денари.

324

Двајца 51-годишни жители на Кичево се соочуваат со кривична пријава откако, според полицијата, изградиле станбено-деловен објект без никаква дозвола, со што оствариле значителна противправна корист.

Од ОВР Кичево информираат дека кривична пријава е поднесена против Б.Т. и В.Т., двајцата од Кичево, поради сомнение за кривично дело „бесправно градење“. Тие, во својство на инвеститори, без одобрение за градба и спротивно на законските прописи, подигнале објект од станбено-деловен тип.






Со ваквото незаконско постапување, пријавените, како што наведува полицијата, се стекнале со противправна имотна корист во износ од 18.051.600 денари.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот, а против осомничените ќе следуваат соодветни законски мерки.

Поврзани содржини