БЕБЕТО ПОЧИНАЛО ПОРАДИ НЕЗРЕЛОСТ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ Обдукцијата покажала дека немало физичка повреда

1,457

Обдукцијата покажала дека нема физичка повреда на било кој од органите и дека причина за смртта кај бебето е респираторна инсуфициенција на респираторниот стрес синдром, односно незрелост на белодробието, соопшти денеска Клиниката за гинекологија.

– По добивањето на резултатот од Клиниката, семејството е уредно повикано со цел лично да бидат информирани за сите детали од наодот. За понатамошниот тек на случајот Министерството за здравство формираше стручна комисија со цел целосно расчистување на случајот и лоцирање на евентуални неправилности во лекувањето на новороденото. Согласно заклучокот, Клиниката ќе постапи по сите правни процедури пропишани за евентуално поведување на дисциплинска постапка во рамките на дозволениот временски рок. Како установа изразуваме длабока жалост, а воедно сочувствуваме со болката и загубата на семејството. Вработените на ГАК секојдневно се борат за животите на многу деца, но за жал се случуваат и загуби кои ги доживуваме не само како професионална, туку и емотивна загуба – се наведува во информацијата од ГАК.






Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција рече дека веќе е формирана стручна комисија и замоли да се почитуваат процедурите и да се причекаат извештаите од сите институции пред да се носи каков било заклучок, замолувајќи да не се прави сензација од случајот.

Поврзани содржини