ПУКАЛ КОН СТАН ВО СТРУГА Kривична пријава за 48-годишен маж од Подмоље

Од возило „пежо“ со пиштол испукал неколку куршуми кон стан, истрагата продолжува.

91

Полицијата поднесе кривична пријава против 48-годишен маж од селото Подмоље, општина Дебрца, поради сомнение дека со огнено оружје предизвикал сериозна опасност за граѓаните во Струга.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 30 октомври 2025 година на улицата Маркс Енгелсова. Осомничениот, управувајќи возило „пежо“ со охридски регистарски таблички, од пиштол „Взор“ калибар 7,65 милиметри испукал неколку куршуми кон стан во сопственост на стружанецот Д.М.






За среќа, во пукањето нема повредени лица, но со ваквиот чин била предизвикана сериозна опасност по безбедноста на жителите во околината.

Од ОВР Струга информираат дека против осомничениот е поднесена кривична пријава за делото „предизвикување општа опасност“, а истрагата продолжува со цел целосно расчистување на мотивите за нападот и околностите под кои се случил инцидентот.

Поврзани содржини