КРИМИНАЛИТЕ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА СЕ СЛУЧУВАЛЕ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА СДСМ И НА ДУИ Јасно е зошто Бајрами и Груби се во бегство

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа т.н. „антикорупциски тим“ на СДСМ да го истражи и овој коруптивен случај.

357

Милионските криминали во Државна лотарија кои што ги направија Прпарим Бајрами и Артан Груби, а беа одобрени од СДСM денес излегуваат на виделина, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако вчера беше објавен извештајот на Државниот завод за ревизија.

„Бегалецот Прпарим Бајрами, партнерот во криминал на бегалецот Артан Груби, ја злоупотребил службената положба во износ од близу 2 милиони евра, пари на граѓаните, сѐ додека СДС и Филипче молчеа и им го овозможуваа овој криминал. На сите ни е јасно за каков криминален круг станува збор и зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто толку ги заштитуваше судството и обвинителството бирано од Зајас и од Муртино. И сега кога веќе Коцевски не е државен јавен обвинител и нема кој да ги заштити, СДСМ во страв и паника отвораат теми како мигранти, шират лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму го повикаа т.н. „антикорупциски тим“ на СДСМ да го истражи и овој коруптивен случај.

Поврзани содржини