МЕЛОНИ САКА ДА ПРОГЛАСИ ИЛЈАДНИЦИ ТОНИ ЗЛАТО ЗА СОПСТВЕНОСТ НА НАРОДОТ Што се крие зад планот?

Италија моментално има 2.452 тони злато, што ја прави трета земја во светот по вкупни резерви, по САД и Германија. Неговата вредност е проценета од Банката на Италија на приближно 285 милијарди евра.

1,301

Партијата на италијанската премиерка Џорџија Мелони сака да донесе посебна одредба во Законот за буџет  со која ќе се каже дека златните резерви на земјата му припаѓаат на италијанскиот народ. Опозицијата, критичарите и експертите  стравуваат дека под ова покровителство може да има масовна продажба на резервите на злато со цел да се отплати дел од националниот долг или да се финансираат социјалните услуги.

Италија моментално има 2.452 тони злато, што ја прави трета земја во светот по вкупни резерви, по САД и Германија. Неговата вредност е проценета од Банката на Италија на приближно 285 милијарди евра.






Фратели д’Италија, партијата на премиерот Мелони потегот го објаснуваат со ставот дека „чувствува потреба јасно да каже — дека златото е резултат на работата на нашите луѓе.

– Тоа злато отсекогаш било сопственост на народот на Италија – рече сенаторот Лусио Малан.

Италијанската централна банка наведува дека златото е дел од официјалните државни девизни резерви и дека тие „влеваат доверба во стабилноста на италијанскиот финансиски систем и еврото“ и претставуваат „гаранција за Банката на Италија во исполнувањето на нејзините јавни функции“.

Но, владејачката партија веќе 10 години го доведува во прашање сопствеништвото на златото. Имено, Банка д’Италија беше реорганизирана на таков начин што другите финансиски институции, вклучително и комерцијалните банки, станаа номинални акционери.

Мелони потоа се пожали во парламентот за „експропријацијата на монетарниот суверенитет“ на италијанскиот народ и инсистираше дека „под никакви околности“ италијанското злато не треба да биде „допрено од новите сопственици на нашата централна банка“.

Европската централна банка накратко објави дека е свесна за новиот амандман и дека во моментов го разгледува.

Сепак, некои економисти веруваат дека таквата промена всушност би ја олеснила продажбата на злато со цел да се отплати дел од неговиот национален долг или да се соберат средства за алокации во здравството или образование.

„Системското намалување на нивото на златни резерви со цел олеснување на јавните финансии е еднакво на пораката: стигнавме до точка каде што мора да продаваме злато затоа што немаме други извори“, напиша економистот Салваторе Роси, поранешен генерален директор на централната банка, минатиот месец во италијанскиот весник „Ла Стампа“.

Опозицијата, од друга страна, ја критикува владејачката партија за одвлекување на вниманието на јавноста од „катастрофалното“ зголемување на трошоците за живот и другите проблеми што ги мачат италијанските граѓани со прашањето за заштита на сопственоста на златото.

Поврзани содржини