МИТЕСКИ СО УБЕДЛИВА ПОДДРШКА ВО АЕРОДРОМ Победа со над 16.000 гласови и речиси 10.000 предност

Митески ја прогласи победата во првиот круг со над 16.000 гласови, ветувајќи дека ќе продолжи со проекти кои ќе го направат Аеродром „дом со кој сите ќе се гордеат“.

689

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен в.д. градоначалник на Општина Аеродром, Дејан Митески, по првиот круг од локалните избори објави дека добил над 16.000 гласови, со предност од повеќе од 9.700 гласови пред второпласираниот кандидат.

– Ви благодарам од срце за довербата. Поддршка со над 16.000 гласови и повеќе од 9.700 гласа разлика од второпласираниот – рече Митески, истакнувајќи дека оваа победа претставува јасна потврда на довербата што граѓаните ја имаат во неговиот тим и проектите што ги реализира во општината.






Тој нагласи дека во следниот период приоритет ќе биде продолжување на започнатите проекти и нови инвестиции кои, како што рече, ќе го направат Аеродром модерен и функционален дом за сите граѓани.

– Во периодот што предстои ќе работиме уште посилно, блиску до секој еден и ќе имаме можност да ги презентираме сите проекти кои ќе го направат Аеродром наш заеднички дом со кој ќе се гордееме. Аеродром денес избра иднина – порача Митески.

Поврзани содржини