„ТОРИЕВЦИТЕ СЕ ГОТОВИ“ Британскиот конзервативен пратеник Дени Кругер премина во партијата на Фараж
Кругер, поранешен помошник на премиерите Борис Џонсон и Дејвид Камерон, беше портпарол за социјална помош на владата во сенка. Владата во сенка во Велика Британија е комитет од високи функционери на официјалната опозиција што ја преиспитува работата на сегашната влада.
Еден од водечките британски конзервативни политичари, Дени Кругер, денеска стана првиот пратеник од минатогодишните избори што ја напушти главната опозициска централно-десничарска партија и преминха во антиимиграциската партија „Реформа на Велика Британија“, која сега води во анкетите како најпопуларна партија во земјата.
Кругер денеска на прес-конференцијата со лидерот на „Реформа на Велика Британија“ ( Reform UK), Најџел Фараж, рече дека е болно да се напуштат пријателите, но: „Ова е мојот трагичен заклучок: Конзервативната партија е готова, готова како национална партија, готова како главна опозиција“.
Иако партијата на Фараж доби нов член, „Реформа на Велика Британија“ сè уште има само пет места во британскиот Парламент, а анкетите покажуваат дека партијата се искачи на првото место, бидејќи Лабуристичката партија на премиерот Кир Стармер ја изгуби поддршката само една година по доаѓањето на власт.
Кругер, поранешен помошник на премиерите Борис Џонсон и Дејвид Камерон, беше портпарол за социјална помош на владата во сенка. Владата во сенка во Велика Британија е комитет од високи функционери на официјалната опозиција што ја преиспитува работата на сегашната влада.
Конзервативците, познати и како Ториевци, се најстарата и најуспешна политичка партија во Велика Британија, кои се на власт со векови, вклучувајќи 32 од последните 46 години. Тие претрпеа тежок пораз на минатогодишните национални избори и оттогаш опаѓаат во популарноста на анкетите, додека популарноста на Лабуристичката партија на Стармер драстично опадна по политичките грешки и слабиот економски раст.
Најмалку десетина истакнати конзервативци се приклучија на партијата на Фараж, иако Кругер е првиот што го стори тоа како пратеник од минатогодишните избори.
Фараж, познат како револуционерен политички фактор кој стана меѓународно признат од кампањата за Брегзит, најверојатно ќе има најголема корист од падот на поддршката за владата на Стармер. Лидерката на конзервативците, Кеми Баденох, рече дека нема да се исплаши од пребегнувањата.
– Знам дека вакви работи се случуваат кога партијата поминува низ промени – изјави таа за Скај њуз.