„НОЌЕСКА НЕМАШЕ ПОЖАР ВО ДРИСЛА“ Раководството на депонијата контра Стојанче Ангелов

121

ЈП Дрисла најостро ја осудува и ја демантира лажната вест „Ноќеска гореше и Дрисла” која вчера беше лиферувана од политички центри на моќ за дефокус од нивните скандали, кога всушност никаков пожар вчера немаше, информираше Јавното претпријатие преку соопштение.

„ЈП Дрисла каде имаше обид за потпалување голем пожар пред 2 дена, со сопствени ресурси и со огромен труд од страна на Противпожарната бригада Скопје се справи со пожарот. Од тогаш состојбата е стабилна, а вчера низ јавноста беше лиферувана вест дека повторно горело во Дрисла, што е обид за дефокус од скандалот во Трубарево кој можеше да биде повторување на трагедијата во Кочани поради неспособноста и системските недостатоци на
одредени институции“, се вели во демантот.






Инаку, првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, утрово на прес-конференција истакна дека ноќеска повторно имало пожар во депонијата Дрисла.

🎥 НЕМА ОГАН, АМА ИМА ЧАД ВО ТРУБАРЕВО Ноќеска пак се запалила депонијата „Дрисла“

Поврзани содржини