АВИОНОТ НА ФОН ДЕР ЛАЈЕН КРУЖЕЛ, НО СИГНАЛ СЕПАК ИМАЛО? Се огласи познатиот портал Флајтрадар, руското мешање останува мистерија

Според Флајтрадар, летот на авионот траел 1 час и 57 минути, а не 1 час и 48 минути, како што објавија западните меидуми. Сепак, на мапата на Флајтрадар може да се види дека тракеторијата на слетување на авионот не е правилна.

792

Летот на шефицата на Европската комисија пренел сигнал со добар квалитет од полетувањето до слетувањето, објави познатата на Икс познатиот портал за следење на авионските летови Флајтрадар во врска со написите на повеќе западни медиуми дека ГПС-системите пред слетувањето на авионот во Пловдив наеднаш биле исклучени.

Во понеделникот, „Фајненшл тајмс“ објави, повикувајќи се на властите во Бугарија дека постои сомнение дека поради руско мешање бил попречен ГПС сигналот во авионот во кој била Урсула Фон дер Лајен кој кружел над аеродромот пред пилотите да слетаат снаоѓајќи се со хартиени мапи.






Според Флајтрадар, летот на авионот траел  1 час и 57 минути, а не 1 час и 48 минути, како што објавија западните меидуми. Сепак, на мапата на Флајтрадар може да се види дека тракеторијата на слетување на авионот не е правилна.

Додека тројца службеници од ЕУ за „Фајненшл тајмс“ рекле дека се сомневаат во руско мешање, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков негираше дека имало каква било саботажа.

 

Според изјавите на бугарските контролори за „Фајненшл тајмс“ имало попречување на ГПС-сигналот и тоа во пошироката област на Пловдив.

„Од февруари 2022 година, забележуваме значително зголемување на случаите на пречки, а во поново време и лажирање на ГПС-сигналите. Ова пречки го нарушува точниот прием на сигналите и предизвикува оперативни тешкотии за авионите и системите на земја“, се вели во соопштението.

Портпаролката на Европската комисија соопшти дека од бугарските власти добиле информации за наводното попречување на сигналот.

„Сите сме свесни дека заканите и заплашувањето се редовна компонента на непријателските дејствија на Русија. Ова дополнително ќе ја зајакне нашата непоколеблива посветеност на зајакнувањето на нашите одбранбени капацитети и поддршката на Украина“.

Посетата на Фон Дер Лајен во Бугарија беше проследена и со уште еден инцидент во градот Сопот, кадешто Фон Дер Лајен посети фабрика за оружје. На пат кон Сопот симпатизери на националистичката партија „Преродба“ со знамиња му се нафрлија на блиндирано возило за кое веруваа дека ја пренесува претседателката на ЕК.

Поврзани содржини