📽️ АВИОН УДРИ ВО ПИСТАТА, ОТСКОКНА И ИЗЛЕТА НА ТРЕВАТА Драматично слетување среде силна бура во Бирмингем

Авионот на „Jet2“ слетувал на аеродромот во Бирмингем среде силна бура, по што излетал од асфалтираниот дел на пистата. Пилотите го вратиле на пистата, а сите патници безбедно го напуштиле леталото.

0

Патнички авион на компанијата „Jet2“ во неделата излетал од асфалтираниот дел на пистата и завршил на тревната површина на аеродромот во Бирмингем, додека бурата „Boelo“ го погодила регионот Мидлендс во Англија.

На снимката се гледа како патничкиот авион се приближува кон пистата за слетување.






При првиот допир со асфалтот, леталото благо отскокнало, по што почнало да се занесува. Кога повторно ги допрело тркалата на земјата, носот на авионот веќе бил насочен надвор од пистата.

Поради брзината, авионот излетал од асфалтираната површина и продолжил по тревата, при што под тркалата се кренале прашина и кал. Пилотите успеале да ја исправат траекторијата, да го вратат леталото на асфалтот и да го порамнат со пистата.

Во инцидентот при слетувањето нема повредени.

– Летот „LS1310“ од Венеција до Бирмингем привремено излетал од пистата по слетувањето на аеродромот во Бирмингем, поради исклучително лошите временски услови предизвикани од бурата. Авионот веднаш се вратил на пистата и продолжил со движење по неа до местото за искрцување. Можеме да потврдиме дека сите патници безбедно го напуштиле авионот – изјавил портпаролот на компанијата „Jet2“ за весникот „Mirror“.

 

Поврзани содржини