АГЕНЦИЈАТА ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ УНИШТИЛА ТЕРОРИСТИЧКА ГРУПА Успешно е консолидирана АНБ, директорот Христовски уверува дека државата е безбедна

Очекувам резултати и поголема безбедност и за Македонија и за граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски во изјава по свеченоста за Денот на Агенцијата.

580

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски вели  дека во изминатата една година, откако е директор на оваа институција работеле на повеќе сегменти, почнувајќи од градењето на ИТ инфраструктурата, кадровското доекипирање до разбивањето на планови за терористички активности со уништување на терористичка група во земјава.

– Морам да истакнам дека наши партнери, покрај медиумите, се и граѓаните и сите заедно би требало да бидат чинители во колективната безбедност. Безбедна држава, безбедни граѓани е нашата мисија и кон тоа целиме и нема да се откажеме додека не го постигнеме тоа – рече Христовски во изјава за медиуите по свеченоста во Клубот на пратениците со која се одбележа 1 септември, Денот на Агенцијата.






Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Агенцијата е успешно консолидирана во изминатата година.

– Затекнатата состојба беше, не би рекол алармантна, туку дека немаше состојба. Не почнувавме од нула, имавме уништени темели, почнувавме од длабок минус, но за многу кратко време состојбата се консолидира. Очекувам резултати и поголема безбедност и за Македонија и за граѓаните. Во изминатиот период направени се голем број на успешни акции, дел од нив самостојно, дел со нашите стратешки партнери. Можам да изразам благодарност до директорот за сето она што го правеше изминатата година дена, успешно ја консолидираше Агенцијата, работиме на идни планови како безбедносниот систем на државата да го реформираме, реструктуираме, репозиционираме. Тоа е динамичен процес, бидејќи самата материја е динамична и мора да се адаптирате континуирано – рече Мицкоски.

Агенцијата за национална безбедност е самостоен орган на државна управа, основан со цел заштита на националната безбедност на државата, односно заштита на независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните права и слободи на човекот и граѓанинот загарантирани со Уставот на Македонија, како и други работи од интерес на националната безбедност на државата.

Христовски беше назначан за директор на АНБ во октомври минатата година. Тој е третиот директор во Агенцијата за национална безбедност.

Поврзани содржини