📽️ ТЕШКА НОЌ ЗА КИЕВ, РУСИТЕ РАКЕТИРАА СТАНБЕНИ НАСЕЛБИ Најмалку 13 лица загинаа, од кои 3 деца

На социјалните мрежи се појави снимка од драматичниот удар врз станбена населба во Киев кадешто паднале два проектили. Чад се издига на небото по ударот. Според Би-Би-Си бројката на загинати во моментот е 13 лица, додека меѓу нив има 3 деца.

690

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека најмалку 8 лица, вклучувајќи едно дете, загинале во синоќешниот руски ракетен напад врз Киев.

Зеленски изјави на социјалната мрежа Икс дека тимови за итни интервенции моментално ги чистат урнатините на петкатната станбена зграда, додека потрагата по евентуални преживеани продолжува.






– Ова е уште еден масовен напад врз нашите градови и заедници. За жал, веќе е потврдено дека најмалку 8 лица загинале, а десетици се ранети. Луѓето може сè уште да бидат заробени под урнатините – рече Зеленски.

Според Би-Би-Си бројката на загинати во моментот е 13 лица, додека меѓу нив има 3 деца. „Руските напади врз Киев погодија неколку станбени згради во повеќе од 20 области на главниот град“, пишува медиумот.

На социјалните мрежи се појави снимка од драматичниот удар врз станбена населба во Киев кадешто паднале два проектили. Чад се издига на небото по ударот.

 

На друга снимка може да се видат штетите врз станбена зграда во градот и пожарникарските тимови кои го гасат огнот во урнатините.

 

 

Украинскиот претседател остро ја критикуваше Русија за продолжување на нападите, тврдејќи дека „Русија избира ракети наместо преговарачка маса“ и дека „продолжува да убива наместо да ја прекинува војната“.

Тој, исто така, рече дека Русија не покажува страв од последиците од своите постапки, додека дел од меѓународната заедница, како што изјави, „ги затвора очите пред воените злосторства и бара изговори за Путин“.

Зеленски повика на остри санкции против Русија, нагласувајќи дека „сите рокови се пробиени и десетици можности за дипломатија се уништени“.

 

Поврзани содржини