📷 НОВА ДРАМА ВО ДОМОТ НА ВИКТОРИЈА И ДЕЈВИД БЕКАМ „Мртов си за мене, кармата ќе те стигне“
Драмата во семејството Бекам достигна точка на вриење откако Круз Бекам објави серија брутални пораки на Инстаграм кои многумина ги толкуваат како директни напади врз братот Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц.
Драмата во семејството Бекам достигна точка на вриење откако Круз Бекам објави серија брутални пораки на Инстаграм кои многумина ги толкуваат како директни напади врз братот Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц.
Во текот на изминатите неколку месеци, Круз, 20-годишниот син на Дејвид и на Викторија Бекам, ги користеше инстаграм-приказните за да објавува остри коментари.
„Ти си измама. Сега си кретен. Инстант кармата ќе те стигне. Мртов си за мене. Целото семејство е банда ужасни луѓе“, се некои од пораките.
Cruz Beckham posts scathing social media messages amid feud with brother Brooklyn and Nicola Peltz: ‘Dead to me’ https://t.co/rIrZ69UN7P pic.twitter.com/3WgbMvGWzN
— Page Six (@PageSix) July 28, 2025
Иако Круз не именуваше никого директно, пораките се совпаѓаат со неговиот нарушен однос со Бруклин и со неговата сопруга Никола Пелц, која, заедно со неговиот брат Ромео, неодамна го отследија Круз од Инстаграм.
Извори блиски до семејството тврдат дека Бруклин им рекол на своите роднини дека не сака никаков контакт, а неговата одвоеност од Ромео, како и конфликтите со неговите родители, дополнително ја искомплицирале ситуацијата.
Причина за кавгите? Бруклин наводно бил несреќен затоа што Дејвид и Викторија ја поддржувале тогашната девојка на Ромео, Ким Тернбул и ја вклучувале во семејните собири.
Ромео и Ким оттогаш раскинаа, но штетата во семејството останува.
Cruz Beckham’s gone full rogue online … dropping a trail of spicy messages that seem to not-so-subtly drag big bro Brooklyn and his wife Nicola Peltz.
Read more: https://t.co/Anm7zjwgw3 pic.twitter.com/3JEG4Ba2NR
— TMZ (@TMZ) July 28, 2025
Тензиите меѓу Викторија Бекам и Никола Пелц датираат од нивната свадба во 2022 година, кога Викторија наводно ги засенила младенците со тоа што им го украла првиот танц, а Пелц одбила да ја носи дизајнерската венчаница на Викторија.
Бруклин, кој оттогаш јасно стави до знаење дека секогаш ја избира својата сопруга, дополнително го продлабочи јазот со своето семејство.
И се чини дека Круз повеќе не може да трпи.
Инаку, Круз е најмладиот син на Викторија и Дејвид Бекам, кој порано беше фудбалер, а во моментот се занимава со музика. Велат дека тој „ги менува девојките како чорапи“.