ЕСМ ЗАСИЛЕНО РАБОТИ НА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА КОГЕНЕРАТИВНАТА ЦЕНТРАЛА ВО БИТОЛА Наскоро ќе се знае кој ќе ја изработи физибилити студијата

Проектот за гасификација на термоелектраните во Македонија е клучен дел од долгорочната енергетска транзиција за замена на јагленот и мазутот со природен гас како преоден и поеколошки енергенс. Главниот фокус на овој стратешки план е ставен врз трансформацијата на најголемите капацитети во земјата – РЕК Битола и ТЕЦ Неготино.

63

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека веќе се реализира проектот на ЕСМ за замена на јагленот со гас во термоелктраните кој треба да стартува со изградба на когенеративна централа во Битола.

Тој нагласи дека процесот е во тек и оти АД ЕСМ разговара со Светската банка и набргу очекува убави вести за проектот.






Во јули АД ЕСМ објави повик со кој бара компанија која треба да изработи физибилити студија за изградба на когенеративна гасна централа за производство на топлинска и електрична енергија и проширување на мрежата за греење во Битола.

Од компанијата тогаш соопштија дека парите за студијата ќе бидат обезбеди од грант од Светска банка и дека процесот на евалуацијата ќе се спроведува согласно правилата на банката.

Според планот договорот со компанијата која ќе ја изработува оваа студија да биде потпишан во декември годинава, а декември 2027 е рокот во кој консултантот треба да ја изготви физибилити студијата.

Мицкоски денеска рече дека проектот станува остварлив и со изградбата на гасните интерконектори со Грција и со Србија кои се во поодмината фаза на реализација кои треба да бидат пуштени во употреба до крајот на првата половина идната година за тој за Грција и до крајот на 2028 на интерконекторот со Србија.

–  Со тоа драматично ќе се зголеми геостратешкото значење на Македонија како земја, а од друга страна, овие два гасоводи ќе значат можност за инвеститори, кои би сакале да инвестираат во производствени капацитети на електрична енергија, кои го користат гасот како погонско гориво, но тоа ќе значи и можност за нас кога ќе стане збор за реконструкција и модернизација на термоелектраните што користат јаглен како погонско гориво да можеме да направиме конверзија на гас и така да ги зачуваме работните места и тие објекти да продолжат да произведуваат – рече  Мицкоски најавувајќи го добриот исход од разговорите ЕСМ- Светска банка.

Проектот за гасификација на термоелектраните во Македонија е клучен дел од долгорочната енергетска транзиција за замена на јагленот и мазутот со природен гас како преоден и поеколошки енергенс. Главниот фокус на овој стратешки план е ставен врз трансформацијата на најголемите капацитети во земјата – РЕК Битола и ТЕЦ Неготино.

Најважниот дел од проектот опфаќа адаптација или изградба на когенеративна централа на гас во Битола. Државната компанија АД ЕСМ веќе има потпишано грант-договор со Светската банка (вреден 2,4 милиони долари) за подготвителни активности за изградба на гасната когенеративна централа Блок 1 во рамките на РЕК Битола.

ТЕЦ Неготино која со децении работи на скапиот и еколошки неповолен мазут, е предвидено целосно да се трансформира во современа гасна електрана (или на нејзино место да се изгради нова со поголем капацитет).

Во РЕК Осломеј, според планот, гасот ќе се користи само како транзициско гориво, бидејќи таму ЕСМ се фокусира на целосна трансформација во обновливи извори на енергија преку изградба на големи фотоволтаични (сончеви) централи.

Поврзани содржини