📽️ САМО ВИКТОРИЈА БЕКАМ МОЖЕ ДА ТРЕНИРА ВО ШТИКЛИ Во кожена сукња и високи потпетици се качи на степер

Викторија Бекам повторно привлече внимание со својот необичен стајлинг – овојпат вежбаше на степер во долга бордо кожена сукња, розева блуза и екстремно високи потпетици, само неколку дена пред нејзината ревија во Париз.

1

Викторија Бекам очигледно не дозволува ниту тренингот да ѝ го наруши беспрекорниот моден имиџ. Дизајнерката објави видео на кое вежба на степер, но наместо спортска опрема, таа избра комбинација како за модна писта.

52-годишната Викторија носи долга бордо кожена сукња, розева блуза и високи потпетици. Со пуштена коса и средена шминка, таа полека се качува по степерот, додека нејзиниот сопруг Дејвид ја снима целата ситуација.






– Изгледа дека си подготвена – се слуша како ѝ вели Дејвид во позадина, на што Викторија одговара со насмевка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag)

Видеото го објави во пресрет на Модната недела во Париз, која трае од 28 септември до 6 октомври. Викторија е таму поради својата модна куќа, а на 2 октомври треба да ја претстави новата колекција за сезоната пролет/лето 2027.

Необичната комбинација повторно потсети на нејзината препознатлива љубов кон високите потпетици. Викторија со години важи за една од најпрепознатливите љубителки на елегантни обувки, а токму нејзиниот личен стил е тесно поврзан и со естетиката на нејзиниот моден бренд.

Поврзани содржини