ЛОНДОН ПОВИКА 50 ДЕНА ИНТЕНЗИВНО ДА СЕ ВООРУЖУВА УКРАИНА Да го донесеме Путин на преговарачката маса, повика британскиот министер за одбрана

За време на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, британскиот министер за одбрана Џон Хили оцени дека ултиматумот на американскиот претседател Доналд Трамп е „момент на максимална можност“.

531

 

Британските власти денеска ги повикаа сојузниците на Украина да спроведат „50-дневна интензивна кампања за вооружување“ за да ја зајакнат воената поддршка за Украина и да ја охрабрат Москва да преговара за прекин на огнот, пред да истече ултиматумот на американскиот претседател Доналд Трамп до Русија.






Минатата недела, Трамп му даде на рускиот претседател Владимир Путин 50 дена да ја заврши војната во Украина. Америкаснкиот претседател се закани со остри санкции и најави масовно вооружување на Киев, со посредство на НАТО и со европско финансирање.

За време на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, британскиот министер за одбрана Џон Хили го нарече тој ултиматум „момент на максимална можност“.

Контакт групата, чии копретседатели се Велика Британија и Германија, обединува околу 50 земји кои обезбедуваат воена помош на Украина.

– Ние, пак, треба да ја интензивираме нашата акција, со 50-дневна кампања за вооружување на Украина на бојното поле и да придонесеме кон тоа Путин да се доведе на преговарачката маса, рече Хили за време на онлајн состанокот.

Британскиот министер додаде дека Лондон и Берлин се согласиле да соработуваат во испораката на ракети за воздушна одбрана на Украина.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека двете земји ќе обезбедат 200.000 парчиња муниција за тенкови „Гепард“ што ги користи украинската армија.

Поврзани содржини