ФУНКЦИОНЕР НА ДУИ ОСОМНИЧЕН ЗА ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ПОЖАР При претрес му се најдени запаливи материјали

Според неофицијални информации, при претресот биле пронајдени пиротехника и други запаливи материјали, а воедно му бил одземен и мобилниот телефон, со цел да се вештачи.

4,921

Министерството за внатрешни работи сомничи функционер на опозициската ДУИ за намерно предизвикување на пожари во Визбегово“. Неофицијално, станува збор за претседателот на партискиот огранок во Шуто Oризари, со иницијали И.Л., во чиј дом полицијата веќе извршила претрес.

Според неофицијални информации, при претресот биле пронајдени пиротехника и други запаливи материјали, а воедно му бил одземен и мобилниот телефон, со цел да се вештачи.






Братот на функционерот И.Л. е шеф на кабинет на директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, под капа на Град Скопје на чело со Данела Арсовска.

Министерот Панче Тошковски на прес-конференција веќе соопшти дека полицијата има основано сомнение дека пожарите се потпалуваат организирано.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, изјави дека не само што постои сомневање туку и дека се прибрани докази дека пожарите се подметнати во добро осмислена акција, „посебно во Скопје“.

Досега, во врска со пожарите беа приведени малолетници кои биле дојдени во земјава од странство, но истовремено се испитуваат трагите за други лица, вклучително и за партиски функционери и лица поврзани со политички партии.

Поврзани содржини