🎥 ПОЖАРОТ ВО ЧУЧЕР САНДЕВО Е НАДВОР ОД КОНТРОЛА, ЧАД ИМА И ВО БУТЕЛ Гори и во Кучевиште, алармира ЦУК
Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи, информира ЦУК.
Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал, сè уште е надвор од контрола, информира Центарот за управување со кризи вечерва.
Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки.
„Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи“, информира ЦУК.
Во раните утрински часови беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов. Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.
За утре е планирано акциите да започнат уште во 5 часот наутро, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР.
„Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево. И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад полицискиот хрликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање под контрола на истиот“, информира МВР.
Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите, посочуваат од ЦУК.