ЧИТАЧКА ОД УСНИ ОТКРИ ШТО МУ ШЕПНАЛА ЛОРЕН НА БЕЗОС УТРОТО ПО ВЕНЧАВКАТА Ова никој не го очекувал
Спектакуларната венчавка на милијардерот Џеф Безос (61) и поранешната новинарка Лорен Санчез во романтичната Венеција предизвика глобално внимание.
Спектакуларната венчавка на милијардерот Џеф Безос (61) и поранешната новинарка Лорен Санчез во романтичната Венеција предизвика глобално внимание и тоа не само поради луксузот и екстраваганцијата туку и поради еден неочекувано нежен момент што се случи утрото по церемонијата, објави „Дејли мејл“.
Додека јавноста не прекинува да зборува за прославата која, според шпекулации, чинела дури 50 милиони долари, еден мал, една работа го трогна светот, сцена што ја уловија камерите, а потоа ја дешифрираа читачи на усни, пишува „Дејли мејл“.
Утрото по венчавката, минатата сабота, парот се појавил на пижама-забава со своите најблиски и бројни славни гости, симболично затворајќи го својот бајковит свадбен викенд.
На патот до воденото такси, читачката од усни Никол Хиклинг успеала да ги „прочита“ нивните тивки размени, само неколку часа по изговарањето на судбоносното „да“.
Безос ѝ подал рака на Санчез за да ѝ помогне да влезе во чамецот. Лорен му се заблагодарила со насмевка, по што двајцата им мавнале на присутните пред да се повлечат во внатрешноста на чамецот. Додека пловеле, Санчез се наведнала кон Безос и му шепнала: „Те сакам“.
Безос и Санчез се бакнале, а потоа, кога се свртеле кон фотографите, таа, според Хиклинг, изговорила: „Импресивно“.
Овој момент се случил само неколку часа откако Безос морал да ја заштити својата сопруга од напорните италијански новинари. Додека излегувале од хотелот „Аман“ покрај Големиот канал, еден новинар го прашал: „Што мислите за протестите, Џеф?“ Безос не дал директен одговор, туку се насмеал и рекол: „Ве сакам, луѓе“, па им испратил бакнеж.