ТОБИ МЕГВАЕР ЈА ВЕНЧАШЕ БИВШАТА СО НЕЈЗИНИОТ НОВ ПАРТНЕР Некогашниот Спајдермен имаше главна улога на венчавката на Џенифер Мајер

Џенифер Мајер се омажи за милионерскиот наследник Џефри Огунлеси на раскошна церемонија на Хаваите, а нејзиниот поранешен сопруг Тоби Мегваер имаше посебна улога – токму тој ги венча младенците. На свадбата присуствуваа Леонардо Дикаприо со Виторија Черети, Џеф Безос со Лорен Санчез и други познати личности.

29

Ѕвездата од „Спајдермен“, Тоби Мегваер, покажа дека разводот не мора да значи лоши односи со поранешниот партнер. Актерот ја водеше свадбената церемонија на својата поранешна сопруга, дизајнерката на накит Џенифер Мајер, која на 10 октомври се омажи за музичкиот менаџер Џефри Огунлеси во луксузното одморалиште „Фор сизонс“ на хавајскиот остров Ланаи.

На фотографиите од церемонијата се гледа како Мегваер, облечен во црно одело, ги води младенците низ нивните завети и на крајот ги прогласува за сопруг и сопруга. Мајер и Огунлеси се бакнуваат пред цветен украс со океанот во заднина, додека гостите го прославуваат нивниот нов почеток.






Меѓу присутните биле долгогодишниот пријател на Мегваер, Леонардо Дикаприо, кој пристигнал со својата девојка, италијанската манекенка Виторија Черети. На свадбата биле и основачот на „Амазон“, Џеф Безос, со сопругата Лорен Санчез, актерките Кортни Кокс, Кејт Хадсон и стилистката Рејчел Зои.

Дел од гостите го искористиле викендот и за одмор на хавајските плажи. Дикаприо и Черети се фотографирани во друштво на Мегваер и други пријатели, пред свадбената прослава. Судејќи според фотографиите, познатото друштво уживало во сонцето и тропската атмосфера.

Инаку, Мегваер и Мајер се венчаа во 2007 година, а во 2016 година објавија дека се разделуваат. Иако нивниот брак заврши, тие со текот на годините успеаја да изградат пријателски однос и да останат посветени родители на своите две деца.

Мајер во претходни интервјуа зборуваше со голема почит за поранешниот сопруг, нарекувајќи го одличен татко и близок пријател. Таа откри и дека Мегваер и нејзиниот нов партнер се сакаат и почитуваат, што им помогнало да создадат семејна атмосфера во која децата се на прво место.

Џенифер (49) и Џефри (34) се во врска од 2023 година, се свршија во 2024 година, а годинава добија и ќерка. За Мајер ова е трето дете – со Мегваер ги има ќерката Руби (19) и синот Отис (17). Децата присуствуваа на свадбата, заедно со својата новородена полусестра.

Џефри Огунлеси е син на нигерискиот инвестициски банкар и милијардер Адебајо Огунлеси и основач на компанија за музички менаџмент. Мајер е позната по својот бренд за накит, чии парчиња ги носат бројни холивудски ѕвезди.

 

 

Поврзани содржини