ВО ТЕК Е НАБАВКА НА 110 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Меџити откри во кои проекти вложува министерството
Министерот потсети дека минатата година почна имплементација на најголемиот инфраструктурен проект - подобрување и реновирање на системот за водоснабдување и канализација во 80 општини во земјата. Друг важен сегмент, според министерот, е изградба на регионални центри за управување со отпад, со финансиска поддршка во вредност од 55 милиони евра, но и носење на нов Закон за воздух и на уште два закони во изработка.
Владата обезбеди 6 еколошки автобуси и заменети се старите и неефикасни системи за греење во Скопје, Битола, Куманово и Тетово, што значително придонесува за намалување на емисиите на загадувачите, откри министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на одбележувањето една година од новата влада.
Министерот најави дека е во тек постапката за купување на 110 електрични автобуси кои што ќе бидат распоредени во различни урбани средини.
Тој исто така потсетува дека минатата година почна имплементација на најголемиот инфраструктурен проект – подобрување и реновирање на системот за водоснабдување и канализација во 80 општини во земјата, со финансиска поддршка од 50 милиони евра од Европската инвестициска банка.
– Исто така, во Скопје се гради еден од најголемите и најважни проекти на деценијата во оваа област, тоа е станица за пречистување на отпадни води, во тек е процесот за усвојување на новиот Закон за воздух. Во Битола почна изградба на нова станица, додека во Тетово, Штип, Велес, Виница и Кочани во тек се тендерските постапки за изградба или обнова на постојните системи. Паралелно, првпат беше усвоен Планот за чист воздух 2024-2030, документ кој утврдува јасни цели и конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, со финансиска поддршка од 10 милиони евра од ЕУ – додаде министерот.
Меџити вели дека се зајакнати и контролите и инспекциите.
– Системите за мониторинг на квалитетот на воздухот се зајакнати со поддршка од ИПА проектите. Воведени се построги контроли врз индустриските капацитети со интегрирани еколошки дозволи и креирани се локални планови за управување со загадувањето. За да се гарантира транспарентност и институционална ефикасност, зајакнат е Инспекторатот за животна средина и подобрени се механизмите за следење на клучните индикатори – рече Меџити.
Министерот напомена дека во урбаната животна средина се преземени значајни чекори по онос на третманот на отпадни води. Исто така, тој најави дека е во тек процесот за усвојување на новиот Закон за воздух, со цел целосно усогласување со европските директиви.
Меџити посочи дека друг важен сегмент е изградба на регионални центри за управување со отпад, со финансиска поддршка во вредност од 55 милиони евра, од Европската банка за развој.
Овие центри вклучуваат изградба на санитарните депонии, станици за трансфер, зелени точки и постројки за компостирање, поставувајќи основа за интегриран, сигурен и одржлив систем.
Меџити напомена дека заштитата на биодиверзитетот е зајакната преку проширување на заштитената територија од 11,5 на 13,9 отсто.
– Објавен е Национален парк Шар Планина. Завршија документите за прогласување на Јабланица и беше извршена повторна проценка на паркот Маврово. Процесите се усогласени со европските директиви „Натура 2000“, со двојна цел – заштита на природата и климатска акција. Сите општини добија капитални дотации за еколошки проекти, базирани на објективни критериуми како бројот на жители, инфраструктурни потреби, а не врз основа на тоа која партија ги води со цел да се обезбеди правилна и транспарентна распределба на јавни фондови – додаде министерот.
Тој истакна дека работата е фокусирана на усогласување на актите со директивите за квалитетот на воздухот, управување со отпадот и индустриските емисии, како и на подготовка на нов Закон за просторно планирање и Закон за индустриски емисии и климатски активности.
Како што посочи, во текот на годината засадени се повеќе од 6.000 дрва во урбаните средини, прогласени се нови заштитени подрачја и потпишани се договори со општините за спроведување на проекти во рамки на потпрограмата во вредност од 628 милиони денари.