ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ПРИ СУДАР ВО СКОПЈЕ Приведен е италијански државјанин

0

Тројца се повредени при судар на мотоцикл и патничко возило што се случил на крстосница од улиците Васил Ѓорѓов и Народен фронт во Скопје, ноќеска после полноќ.

Како што соопшти полицијата, на 13.05.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од улиците Васил Ѓорѓов и Народен фронт во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа“ со италијански национални ознаки, управувано од Џ.Ч.(27) од Италија, со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.А.(23) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „дачиа“ и неговиот сопатник И.А.(27) од Скопје. Повредите биле констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ Скопје.

По наредба на јавен обвинител, Џ.Ч. е лишен од слобода во врска со член 300 од Кривичниот законик. Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани содржини