МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЛУКРОВСКИ НЕ ДАЛ ОСТАВКА Додека е на боледување ќе го заменува заменик градоначалникот
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукрвоски не дал оставка, туку оти од здравствени причини е на боледување. Додека се врати од боледување, нагласува Мицкоски, во Општината има законски избран заменик кој ќе го заменува во извршувањето на обврските и надлежностите.
– Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски нема дадено оставка. Тој е на боледување. Во моментов во Oпштината има законски избран заменик-градоначалник кој што го заменува градоначалникот додека е на боледување поради одредени здравствени проблеми. Иако имаше и такви политички глодари кои што излегуваа и се ситеа на здравствена состојба на човек, јас нема да ги коментирам тие политички глодари. Му посакувам брзо опоравување на градоначалникот и што поскоро да се врати на својата работна позиција – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.
Во меѓувреме, до тој момент, нагласи премиерот Мицкоски, ќе го заменува заменик градоначалникот кој согласно закон е именуван од страна на градоначалникот.
– Повеќе детали околу здравствената состојба ниту сум овластен, ниту би сакал да споделам – нагласи премиерот Мицкоски.