КАЗНЕТИ 517 ВОЗАЧИ КОИ СЕ ПАРКИРАЛЕ НЕПРОПИСНО Санкционирани и 16 возачи на електрични тротинети
Казнети се 29 пешаци, пет мерки имало за неносење заштитна кацига, а 29 возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност.
За неправилно паркирање вчера и завчера во целата земја биле издадени 517 казни, а за брзо возење биле казнети 259 возачи, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од вкупно издадените 1.507 платни налози во текот на изминатите два дена (15 и 16.04.) од страна на полициските службеници во рамки на сообраќајни контроли на патиштата низ земјата, изречени се 103 прекршоци по основ на неносење сигурносен појас, потоа 55 по основ на користење мобилен телефон, 29 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за неносење заштитна кацига, а санкционирани се и 16 возачи на електрични тротинети.
Санкционирани се и 144 возачи кои управувале без возачка дозвола, 14 управувале под дејство на алкохол, додека 16 возачи минале на црвено светло. Согласно одредбите од Законот за возила, 29 возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, а 30 биле со истечена регистрација.