МАЛОЛЕТНИК УПРАВУВАЛ СО ВОЗИЛО ПОЛНО МИГРАНТИ Полицијата сопре „хјундаи“ кај Мрзенци
Полицајците од станицата за граничен надзор Богородица го уапсиле малолетникот во вторник, 15 април, в0 20 часот во близина на мостот на Серменинска река кај гевгелиското село Мрзенци. „Хјундаито“ возело на земјен пат.
При контрола во возило „хјундаи“, кое го управувал малолетник, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, соопштија денеска полицијата, биле пронајдени седум лица мигранти од Египет.
„Откако бил забележан од полициските службеници тој се обидел да побегне, но набргу бил фатен и приведен во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар“, се вели во полицискиот билтен.
Полицајците од станицата за граничен надзор Богородица го уапсиле малолетникот во вторник, 15 април, в0 20 часот во близина на мостот на Серменинска река кај гевгелиското село Мрзенци. „Хјундаито“ возело на земјен пат.
„По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се додава во соопштението.