📷 ПОВРЕДЕНА Е ЖЕНАТА ЧИЈ АВТОМОБИЛ СЕ ПРЕВРТЕ Полицијата откри што точно се случило во Аеродром

Според првичните информации од полицијата, жената не е во животна опасност.

939

Едно лице е повредено вечерва во сообраќајна незгода што се случи на раскрсницата кај „Веро“ во скопската населба Аеродром.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во моментот се врши увид на местото на незгодата.






„На 15.04.2025 во 18.20 часот во СВР Скопје пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа на бул. Јане Сандански во Скопје, во која учествувале патничко возило „киа” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ш. (41) од Скопје и патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т. (32) од Скопје. В.Ш. е пренесна во ГОБ „Св. Наум Охридски” за укажување помош“, велат од МВР.

Според првичните информации не е во животна опасност.

📽️ АВТОМОБИЛ ПРЕВРТЕН НА КРОВ ВО АЕРОДРОМ Страшна сообраќајка кај Бисер, се претпоставува дека има повредени

Поврзани содржини