„ПОЛИТИЧКИ ГЛОДАРИ, ПОЛИТИЧКИ НЕКРОФИЛИ“ Таткото на Фросина Кулакова удри по иницијативата „Кој е следен“

Како семејство секогаш најостро ќе реагираме кога некој ќе се обиде да ја искористи нашата тага и смртта на ДЕТЕТО АНГЕЛ - ФРОСИНЧЕ, реагираше Тодор Кулаков, татко на загинатата Фросина Кулакова.

2,187

„Кој е следен“ е продолжение на бедата на она што со години го живееме и растурениот систем на вредности, реагираше Тодор Кулаков, татко на загинатата Фросина Кулакова.

„Политички глодари, политички некрофили… И дното е пробиено… Како семејство секогаш најостро ќе реагираме кога некој ќе се обиде да ја искористи нашата тага и смртта на ДЕТЕТО АНГЕЛ – ФРОСИНЧЕ. Исто и ќе бараме начин како институционално да си превземат одговорност и да одговараат за вакви злодела, манипулации“, напиша Кулаков на Фејсбук.






Претходно и Росица Кулакова, сестра на Фросина Кулакова објави Фејсбук статус преку кој обедлодени дека целото нејзино семејство се чувствува политички злоупотребено.

СЕМЕЈСТВОТО НА ЗАГИНАТАТА ФРОСИНА СЕ ЧУВСТВУВА ПОЛИТИЧКИ ЗЛОУПОТРЕБЕНО Им рекле дека важна е агендата, а дека жртвата е само инструмент

Поврзани содржини