ЗА 3 ГОДИНИ МУ ИЗНУДИЛЕ 158.000 ЕВРА Лихвари од Охрид заработија кривична пријава

Двајцата, во периодот од 2021 до 2024 година, договарале и примале и со присилба изнудувале парични средства од лице од Охрид, се вели во полицискиот билтен.

342

Полицијата поднесе пријава за двајца лихвари од Охрид кои изнудиле речиси 158.000 евра, соопшти МВР.

„Двајцата, во периодот од 2021 до 2024 година, договарале и примале и со присилба изнудувале парични средства од лице од Охрид. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 9.715.000 денари“, се вели во полицискиот билтен.






СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(42) и Н.К.(45).

Поврзани содржини