100 ПРЕДМЕТИ ОД ЗБИРКИТЕ НА АРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ Ќе биде претставен каталог со нашето културно богатство
Ова издание е резултат на тимска работа, љубов кон археологијата и желба за едукација и инспирација. Во подготовките на каталогот ,,100 Предмети од збирките на археолошкиот музеј" учествуваа 20 кустоси, а издавањето го овозможи Министерството за култура и туризам, соопшти Археолошкиот музеј.
Археолошкиот музеј на Македонија в четврток ќе претстави каталог со 100 предмети од својата богата збирка, дело на 20 кустоси.
„Со искрено задоволство ја најавуваме промоцијата на каталогот „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“ – издание што претставува сведоштво за долгогодишната посветеност кон истражувањето, зачувувањето и претставувањето на нашето културно богатство.
Ова издание е резултат на тимска работа, љубов кон археологијата и желба за едукација и инспирација. Во подготовките на каталогот ,,100 Предмети од збирките на археолошкиот музеј” учествуваа 20 кустоси, а издавањето го овозможи Министерството за култура и туризам“, соопшти Археолошкиот музеј.