СКОПЈАНКА ИЗМАМЕНА ЗА 3.200 ЕВРА Ѝ рекле дека мора да плати за ќерка ѝ да не оди во затвор
На 28.01.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 3.200 евра, информираше Министерството за внатрешни работи.
Скопјанка била измамена за 3.200 евра од лице кое по телефон ѝ рекло дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и дека треба да плати доколку не сака таа да лежи во затвор.
„На 28.01.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 3.200 евра“, информираше Министерството за внатрешни работи.
Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзиниот зет сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.