РАСТЕ БРОЈОТ НА УАПСЕНИ ПО ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА Се бараат одговорните лица за несреќата со 78 жртви

Во пожарот што избувна во тој хотел во текот на ноќта на 21 јануари загинаа 78 лица.

188

Во рамките на истрагата за пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во ски-центарот Карталкаја, досега се уапсени 15 лица, јавија денеска турските медиуми.

Во пожарот што избувна во тој хотел во текот на ноќта на 21 јануари загинаа 78 лица.






„Петмина осомничени, меѓу кои Седат Ѓулер, заменик-градоначалник на Болу, и Кенан Чоскун, заменик – директор на противпожарната служба, се појавија на суд. Бројот на осомничените кои се приведени се зголеми на 15 со последните апсења во истрагата за пожарот во хотелот во ски-центарот Болу Карталкаја“, објави денеска турскиот весник „Сабах“.

Поврзани содржини