ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА „ЈА ТРЕСЕ“ ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА Се проверува работењето во последните неколку години

Како ново раководство укажавме на одредени финансиски нелогичности, вели директорот на болницата, Кире Јоноски.

603

Инспектори на Финансиската полиција вршат контрола на финансиското работење во прилепската болница за последните неколку години.

Според Кире Јоноски, директор на болницата, контролата почнала вчера.






– Финансиската полиција го испитува работењето на болницата во последните години. Како ново раководство укажавме на одредени финансиски нелогичности. Контролата почна вчера – потврди за МИА директорот Јоноски.

Проверката на финансиската полиција е во фаза на предистрага.

Поврзани содржини