ЈЕЛЕНА РОЗГА Е ВО ВРСКА СО СИНОТ НА ТОНЧИ ХУЉИЌ Иван е 11 години помлад од пејачката

Познатата хрватска пејачка Јелена Розга наводно пред повеќе од една година ја обновила љубовната врска со 11 години помладиот Иван Хуљиќ.

797

Познатата хрватска пејачка Јелена Розга наводно пред повеќе од една година ја обновила љубовната врска со 11 години помладиот Иван Хуљиќ, пишува српски „Блиц“.

Иван е син на познатиот хрватски музичар Тончи Хуљиќ, а Јелена досега во неколку наврати зборуваше дека има момче, не сакајќи да го открие неговиот идентитет.






– Повеќе не сум соло танчарка – изјави Јелена летово.

Таа неодамна го спомна своето момче, нагласувајќи дека многу ѝ значи што е внимателен.

– Тој беше овде вечерва и на вториот концерт. Ме бакна и ме прегрна пред концертот и ми посака среќа, љубовта е најважна – рекла тогаш Јелена.

Тончи, инаку, неодамна за „Блиц“ ги коментирал гласините дека неговиот син повторно е во љубов со Јелена.

– Не сакам да влегувам во креветот на мојот син. Поддржувам ако тоа е нивна среќа, ако не е вистина никому ништо – рекол Тончи за „Блиц“.

Иако се трудеше својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, познато е дека хрватските медиуми пред десетина години пишуваа дека Јелена и Иван биле повеќе од пријатели, но нивната романса тогаш завршила поради големата разлика во годините.

Дека емоциите меѓу нив двајца не згаснале и по повеќе од една деценија, доказ е тоа што на љубовта ѝ дадоа втора шанса и се повљубени од кога било.

Иван ѝ бил поддршка на Јелена за време на нејзините неодамнешни концерти во Сава центар во Белград, а според српските медиуми и двете семејства се воодушевени од нивната врска.

Поврзани содржини