РУСИЈА ГО НАРУШИ ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР НА РОМАНИЈА ПРИ НАПАД НА УКРАИНА Членката на НАТО подигна 2 борбени авиони

Повредата на воздушниот простор на Романија е редовна појава во изминатата година и половина, откако Русија ја напаѓа украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав.

381

Националниот воздушен простор на Романија е нарушен за време на ноќниот руски напад врз Украина, а зоната на веројатен влез на дрон е одредена во близина на границата, во југоисточниот округ Тулчеа, соопшти денеска Министерството за одбрана во Букурешт.






Романија, членка на НАТО, подигна 2 борбени авиони за да го надгледува воздушниот напад.

Паѓањето на делови од дронови и повредата на воздушниот простор на Романија се редовна појава во изминатата година и половина, откако Русија ја напаѓа украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав, наведуваат агенциите.

Поврзани содржини