ЧОВЕЧКИ ФАКТОР Е ПРИЧИНА ЗА ПОЖАРОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС? Изјавите на жителите фрлаат сериозни сомнежи во истрагата

Истражителите не ја исклучуваат можноста пожарот кој изби близу Палисадес на Нова година и беше локализиран повторно да се разгорел денови подоцна од ветрот и негрижата на службите.

2,502

Властите во САД ја разгледуваат можноста пожарите кои со денови бесенат во Лос Анџелес да биле предизвикани од човечки фактор и негрижа на службите, слично како пожарот во Оукланд во 1991 година. Се разгледува варијантата пожарот да е повторно разгорување на пожар за Нова Година за кој уште не е утврдена причината, иако беше предложено дека се работи за огномет.

– Знаеме дека пожарите повторно се активираат и преминуваат од тлеење до пламнување. Апсолутно е можно нешто од претходниот пожар да може, во рок од една недела, повторно да се запали – изјави за „Вашингтон Пост“ Мајкл Голнер, пожарникар и професор на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.






Toj вели дека топлината може да остане во корењата на дрвјата денови откако ќе биде угаснат пожарот.

Неименувани извори за „Лос Анџелес Тајмс“ рекле дека истражителите веруваат дека изворот на пожарот би можел да биде блиску до популарниот Палисадес, местото каде што избувнал пожар за Нова година.

Пожарот за Нова година бил изгаснат околу 4 часот и 30 минути а 1 јануари, а временските услови тој ден беа значително помирни отколку неколку дена подоцна, кога избувнаа нови пожари.

Два часа пред да избие пожарот јакиот ветер носел мирис на пепел

Дарин Хурвиц, Човек кој пешачел по познатата патека Темескал Риџ утрото кога изби пожарот во Палисадес, за остатоците од новогодишниот пожар изјавил:

– Околу во исто време, забележав малку зачаден мирис. Не навлегував многу. Мислев дека или доаѓа од друго место или е остатоци од самиот пожар – изјави тој за „Лос Анџелес Тајмс“.

Тој ги оставил децата на училиште со автомобил и продолжи до местото за да пешачи пет милји. Тој потоа пешачел во Малибу, каде што пред неколку недели беснееше пожарот Френклин и забележал „слаб мирис на пепел“.

– Но, мирисот тој ден во близина на (познатиот локалитет) Карпата на черепот беше посилен. Тајмингот на ова беше околу еден час пред пожарот. Сега, што значи сето тоа, не знам. Дали е можно сè уште да има жар што не бил излезен и ветровите некако да го запалат? – вели тој.

Хурвиц подоцна дознал дека еден од неговите соседи исто така го помирисал чадот.

Уништувањето од пожарот Палисадес се протега на патеката и карпестите формации.

Кој прв го пријави пожарот?

Пожарот првпат бил пријавен околу еден час подоцна од адресата на Пиедра Морада драјв каде живее семејството на Ник Либонати.

Во интервју за „Тајмс“ минатата недела, Либонати потврди дека тој прв се јавил на 911 и оти отишол да ги извести соседите за пожарот. Тој и неговата сестра првпат го забележеале пожарот на околу три километри од нивниот дом.

Либонати сфатил дека огнот доаѓа во нивна насока кога се обидел да им ги навади растенијата со црево, а ветрот му ја разнел водата во неговото лице.

Хаваријата во Оукланд во 1991 година започна на само 6 хектари

Специјализирана екипа од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви во понеделникот започна со обработка на местото на настанот.  Доминик Чои, заменик шеф во полицискиот оддел во Лос Анџелес, рече дека не се исклучени причините за пожарот во Палисадес:

– Нема дефинитивна одлука дека станува збор за подметнување пожар во овој момент, но ние го разгледуваме секој аспект.

Извори за спроведување на законот рекоа дека во близина има јагленосани столбови, но не е јасно дека тие биле причината за распламтувањето на огновите.

Ако се покаже дека пожарот во Палисадес бил предизвикан од повторно разгорување на претходниот пожар, тој би можел да се спореди со поарот во Оукланд Хилс од 1991 година кој уништи повеќе од 2.500 објекти. Пожарот првично изби на помала територија од шест хектари и беше прогласен за локализиран, но не и изгаснат.

Пожарникарите оставиле опрема на местото на настанот, но не ја набљудувале цело време. Ветровите се засилија, а потоа пламенот брзо ги проголта домовите.

Во јавноста во САД со денови се дебатира за можните причини за големите пожари кои повторно се разгоруваат поради ураганските ветрови во Калифорнија. Властите во оваа американска држава се најдоа за тапет во врска со нивните практики за справување со пожарите и проблемот со пожарникарска опрема.

Синот на Доналд Трамп сподели гостување на неговиот татко кај познатиот поткастер Џо Роган кадешто Трамп вели дека Калифорнија одбива да изгради сопствена пожарникарска инфраструктура.

Трамп Џуниор во нова објава на Икс го критикуваше фактот дека Калифорнија донирала пожарникарска опрема за  Украина.

Познатиот милијардер Илон Маск го обвини гувернерот на Калифорнија дека го декриминализирал крадењето во државата, алудирајќи на фактот дека откако избија пожарот нагло се зголеми бројот на грабежи во Лос Анџелес.

 

 

Поврзани содржини