ЕМ БАРА ПОМОШ, ЕМ ОДБИВА ДА МУ ПОМОГНАТ Повозрасно лице е завеано во својот дом во кочанското село Полаки

Центарот за управување со кризи од Кочани известува дека постапиле по пријавата за помош на лице во с. Полаки, планинско село од разбиен тип, во маало Бабиште при што контактирани се ЛС Кочани, Црвен крст Кочани, Територијалната противпожарна единица ТППЕ Кочани и Дирекцијата за заштита и спасување ДЗС Кочани.

405

Во тек е координација за извлекување на заглавено повозрасно лице од снежни наноси во кочанското село Полаки, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што е наведено во соопштението, човекот сам побарал помош, а откако службите за спасување стапиле во контакто со него, тој се предомислил и им рекол да почекаат до утре.






„Центарот за управување со кризи од Кочани известува дека постапиле по пријавата за помош на лице во с. Полаки, планинско село од разбиен тип, во маало Бабиште при што контактирани се ЛС Кочани, Црвен крст Кочани, Територијалната противпожарна единица ТППЕ Кочани и Дирекцијата за заштита и спасување ДЗС Кочани. Командирот на ТППЕ Кочани има стапено во контакт со братот на лицето кое се наоѓа во с. Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани. Но, истиот ја одбива понудената помош со барање да се почека до утре. Истовремено, има ново барање да им се исчисти прво патот (концесионерот ги одржува само патиштата коишто се под асфалт, а не и споредните патишта коишто се до маалата, а што не се асфалтирани) па потоа тие да проценат дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација. РЦУК Кочани и Секторот за операции и координација се во постојан контакт со ТППЕ Кочани“, информираше ЦУК.

Поврзани содржини