ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ВЕЛЕС Скопјанец починал на лице место

634

Денеска (04.12.2024) во 07.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Велес- Скопје, во атар на населбата Дрма, скопско, возило „пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(48) од село Ржаничано, скопско, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.






Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Поврзани содржини