НЕМА ПРОБЛЕМ ЗА КОЈ НЕ ПОСТОИ РЕШЕНИЕ Ѓорѓиевски се сретна со граѓаните кои денеска протестираа

Спорот кој граѓаните од улицата Народни херои го имаа со ЕСМ Топлификација, сега е надминат, соопшти градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

927

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ги повика граѓаните кои имаа спор со ЕСМ Топлификација околу ископувањето од нивна страна за приклучување на домаќинствата на топлинската мрежа.

Тие своето незадоволство го изразија преку мирен протест, а градоначалникот Ѓорѓиевски ги повика на состанок заедно со директорот на ЕСМ Топлификација Петар Милетиќ за да најдат решение кое ќе биде прифатливо за сите.






– Нема проблем за којшто нема решение! Спорот кој граѓаните од улицата Народни херои го имаа со ЕСМ Топлификација, сега е надминат. Денеска во мојот кабинет ги повикав граѓаните кои денеска го изразија своето незадоволство преку мирен протест, а во врска со проблемот околу ископувањето на ЕСМ за приклучоци на домаќинствата на топлинска мрежа. Го повикав на разговор и директорот Петар Милетиќ за и тој да го слушне она што имаат жителите на таа улица да го кажат. Излеговме на терен, на лице место да извршиме увид во работните активности и да најдеме заедничко решение кое ќе биде прифатливо за сите. Директорот Милетиќ ќе ја забрза динамиката на работа сѐ со цел побрзо да се направи приклучокот, а пристапот на жителите до своите домови нема да им биде оневозможен. Во наредниот период ќе бидат и во постојана комуникација за да нема повеќе вакви или слични ситуации. За мене најважен е мојот народ и затоа не постои проблем кој не можеме да го решиме, доколку делуваме заедно – истакна Ѓорѓиевски.

📷 БЛОКАДА НА БУЛЕВАРОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ ВО КИСЕЛА ВОДА Граѓаните имаат проблеми со околните градилишта

 

Поврзани содржини