„ОВАА ДРЖАВА Е И НАША ДРЖАВА“ Повредувањето на албанскиот јазик е повреда на идентитетот на Албанците, рече Ахмети
„Оваа држава е и наша! Албанскиот јазик не е непријател на оваа држава и неговата употреба не треба да се повредува!“.
Ова денеска го изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети, коментирајќи ја најавата на Уставниот суд дека ќе се разгледуваат некои членови од Законот за јазици, објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Својата изјава Ахмети ја даде по средбата со претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали, која, исто така, се осврна на Законот за јазиците и искажа очекување дека одлуката на Уставниот суд ќе биде во духот на Охридскиот договор, дополнувајќи:
– Повредувањето на албанскиот јазик во која било форма ќе биде повредување на идентитетот на Албанците.
Говорејќи околу запирањето на употребата на балансерот, Али Ахмети им упати повик на институциите да не ги враќаат назад процесите.
– Треба со голема внимателност да се пристапува кон иницијативите, кои ги враќаат процесите назад – кажа првиот интегративец во своевиден тон на предупредување.