ТЕНЗИИТЕ НА ЦРВЕНОТО МОРЕ РАСТАТ Хутите со проектили нападнаа брод

Во тек е контрола на штетите. На бродот нема жртви и се движи кон пристаништето, се наведува во соопштението.

323

Брод во Црвеното Море утрово беше цел на напад, наводно, извршен од јеменските бунтовници Хути.

„Два проектила го погодија бродот, а третата експлозија се случи во близина на бродот“, соопшти Британскиот воен поморски трговски оперативен центар.






Во тек е контрола на штетите. На бродот нема жртви и се движи кон пристаништето, се наведува во соопштението.

Хутите не презедоа одговорност за нападот. Меѓутоа, понекогаш им се потребни неколку часа, па дури и денови за да преземат одговорност.

Од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври минатата година, Хутите погодија повеќе од 80 бродови главно поврзани со Израел и неговите сојузници.

 

 

 

Поврзани содржини
na