СОПСТВЕНИКОТ НА РОМА ГО КУПУВА ЕВЕРТОН За 94,1% од акциите ќе искешира 475 милиони евра

Целата процедура околу одобрување на договорот од Премиер лигата се очекува да потрае повеќе од еден месец, но не се очекуваат никакви проблеми.

169

Сопственикот на Рома, Ден Фридкин, ќе го купи Евертон за 475 милиони евра, јавија денеска италијанските медиуми.
Според Туто Меркато, Фридкин како резултат на трансакцијата ќе добие 94,1% од акциите, кои во моментов му припаѓаат на актуелниот сопственик на англискиот клуб, Фархад Мошири.






Целата процедура околу одобрување на договорот од Премиер лигата се очекува да потрае повеќе од еден месец, но не се очекуваат никакви проблеми.
Мошири е претседател на одборот на директори и акционер на USM Holdings. Тој се здоби со акции во Евертон во 2016 година.
Компанијата Фридкин Груп стана сопственик на Рома во август 2020 година.

Поврзани содржини