НЕМА ВЕЌЕ „ГАГА“ ПАРКИНГ ВО КАРПОШ Еве каде „Градски паркинг“ воведе зонско паркирање во оваа општина
Жителите на Карпош 1 и 2 се жалеа дека имаат проблеми со возилата кои избегнуваат да платат паркинг во Дебар Маало и се паркираат бесплатно во овие две населби.
На територијата на Општина Карпош, зона Д42 кај комплексот МИДА, на улицата „Орце Николов“ е новата зона на „Градски паркинг“ со 79 паркинг места за зонско паркирање, од кои 2 се наменети за лица со попреченост.
– Станарите кои со своите адреси гравитираат на зоната, ќе ја користат услугата паркирање по цена од 0 ден, за две возила, а час паркирање чини 25 ден. Работното време на паркинг зоната е: од понеделник- сабота од 07:00-23:00ч., а недела и државни празници се неработни т.е. нема се врши на наплата за услугата паркирање – велат од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.
Оттаму додават дека корисниците на зона Д42 ќе може да ги достават своите барања во новата канцеларија на претпријатието започнувајќи од денеска, 07.11.2023.
„Работното време на канцеларија Карпош, која се наоѓа на ул. „Дрезденска“, бр.15/3, е секој работен ден од 08:00- 22:00 часот и сабота од 09:00- 17:00 часот. Недела и државни празници се неработни“, пишува во соопштението од ЈП „Градски паркинг“- Скопје.
Инаку, Општина Карпош во 2020 година спроведе анкета меѓу жителите на Карпош 1 и Карпош 2, од кои огромно мнозинство се согласија на воведување зонско паркирање.
Жителите се жалеа дека имаат проблеми со возилата кои избегнуваат да платат паркинг во Дебар Маало и се паркираат бесплатно во овие две населби. Дополнителен проблем се и паркираните хаварисани возила и автомобили за продажба оставени од дилери на половни возила, кои ги окупираат постојните паркинг места за граѓаните.