НА ПЛАСТИЧАРСКА АВТОМОБИЛ УСМРТИ ТИНЕЈЏЕР И ПОБЕГНА Возачот е откриен и уапсен
Уапсен е З. Ш (21) од Скопје кој се сомничи за предизвиканата несреќа со смртни последици.
Попладнево околу 17:00 часот на булевар „Никола Карев“ во Скопје автомобил удрил во малолетник и го напуштил местото на несреќата, јави Курир.мк.
Момчето било пренесено во Ургентен Центар – Скопје, каде била констатирана смрт.
Како што дознава Курир од извори во МВР, уапсен е З. Ш (21) од Скопје кој се сомничи за предизвиканата несреќа со смртни последици.
На местото на несреќата кај пластичарска улица дошле полициски возила и припадници на МВР, а трагите од крв сведочат за крвавата несреќа во која животот го загуби малолетник, пишува порталот.