DIAMOND MALL ГО ОДБЕЛЕЖУВА ТРЕТИОТ РОДЕНДЕН Нови содржини, брендови и иницијативи за заедницата

Програмата Diamond HUB – Центар за економско зајакнување на жените е насочена кон жени кои сакаат да стекнат практични знаења и вештини, да добијат менторство и поддршка и да направат конкретен чекор кон поголема економска независност и професионален развој.

3

Diamond Mall го одбележува својот трет роденден со голема прослава за посетителите, нови содржини и иницијативи за заедницата, како и со продолжување на развојот на својата понуда со нови брендови и концепти.

Централниот дел од роденденската програма ќе биде големиот музички настан со настапи на Петар Грашо и Јелена Розга. Прославата е замислена како спој на музика, забава и дружење, во духот на концептот што Diamond Mall го развива од своето отворање – да биде повеќе од место за купување и да создава различни искуства за посетителите.






„Кога пред три години го отворивме Diamond Mall, нашата амбиција беше да создадеме многу повеќе од трговски центар. Сакавме ова да биде место кое ќе живее со градот и со луѓето – место за средби, нови искуства, добра храна, забава и време поминато заедно. Денес, по три години, продолжуваме да се развиваме токму во таа насока, следејќи ги навиките и очекувањата на нашите посетители“, изјави Селин Анил Октај, директорка за управување со имот во Лимак Скопје.

Третиот роденден Diamond Mall го одбележува и со нова општествено одговорна иницијатива – Diamond HUB – Центар за економско зајакнување на жените. Програмата е насочена кон жени кои сакаат да стекнат практични знаења и вештини, да добијат менторство и поддршка и да направат конкретен чекор кон поголема економска независност и професионален развој.

„За нас, третиот роденден не е само повод за прослава, туку и можност да создадеме нешто што ќе има подолгорочна вредност. Посебно сме горди што токму во овој период го започнавме Diamond HUB, затоа што веруваме дека улогата на еден голем деловен субјект не завршува само со она што го нуди на своите посетители, туку и со придонесот што го дава кон заедницата“, додаде Октај.

Паралелно со развојот на нови иницијативи, Diamond Mall продолжува да ја проширува и својата комерцијална и забавна понуда. Во изминатиот период во молот се приклучија повеќе нови брендови и концепти, меѓу кои Funky Buddha, N Selection, Jack & Jones, Palma d’Oro, Popeyes, Nine West, Fayda Home, Dust and Cream, Mr. Blade, Soju Bar, Athletic Fitness, City Wash. Развојот продолжува и во следниот период, со отворање на Jasmin, Beo Sport, BS Fashion, Lush, Da Cristo – premium deli shop и Quick & Fresh Service.

Новите брендови се дел од пошироката насока во која се развива Diamond Mall – како простор што на едно место ги поврзува шопингот, гастрономијата, забавата и различните содржини за целото семејство. Значаен дел од ова искуство се Gourmet Avenue, Dream Zone, семејните и детските содржини, фитнесот, забавата и настаните, со што Diamond Mall продолжува да го проширува својот концепт надвор од класичниот модел на трговски центар.

Со роденденската прослава, новите иницијативи и натамошното проширување на понудата, Diamond Mall влегува во четвртата година со амбиција да продолжи да создава нови искуства за посетителите и дополнителна вредност за заедницата.

Поврзани содржини