МУЦУНСКИ ВО САД Посетата е можност за размена на искуства

145

На покана на Амбасадата на САД во Македонија, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, придружуван од градоначалници на неколку други општини, престојува во повеќедневна посета на САД, каде учествува на Програмата за меѓународни лидери организирана од американската влада.

Во рамките на посетата тој оствари повеќе средби со високи претставници на Стејт департментот, бизнис заедницата како и тинк-тенк организации во Вашингтон. Клучна тема на разговорите беше потребата од засилена борба против корупцијата во Македонија, но и можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете држави.






Во рамки на посетата, градоначалникот Муцунски ќе ги посети градовите Питсбург и Феникс каде ќе оствари средби со претставници на локалната власт и ќе размени искуства околу добрите практики во делот на локалната самоуправа и креирањето на политики на локално ниво.

Тој на својата страна на Фејсбук упати благодарност до Амбасадата на САД за оваа можност од која ќе произлезат нови искуства, пријателства и можности за соработка.

 

Поврзани содржини