ЛЕГЕНДАТА НА „СЕКС ПИСТОЛС“ СЕ БОРИ СО ХАЛУЦИНАЦИИ Го напаѓале демони и грофот Дракула

Џон Лидон (67), поранешниот пејач на „Секс пистолс“, а денес фронтмен на групата „Паблик имиџ лимитед“, стравува за својата безбедност.

163

Џон Лидон (67), поранешниот пејач на „Секс пистолс“, а денес фронтмен на групата „Паблик имиџ лимитед“, стравува за својата безбедност. Тој тврди дека демони се обидуваат да го убијат, а меѓу нив е и митскиот гроф Дракула.

Еден од најуникатните музичари во историјата, на седумгодишна возраст поради менингитис поминал околу една година во болница, а открил дека до денес има страшни халуцинации, од кои најлоши се оние кои вклучуваат блед, висок вампир, пренесува „Сан“.






„Гледав змејови, демони, свештеници, сети тие се обидуваа да ме убијат. Бев преплашен и сè уште имам некои од тие визиии, особено они со многу високиот црн свештеник, како Дракула“, раскажал музичарот.

Кога го прашале за најлошото сеќавање од детството, тој рекол дека тоа е менингитисот и халуцинациите кои произлегле од него.

„Одвреме – навреме таа фигура излегува од аголот на собата. Го фаќам со крајот на окото и сигурно не ми мисли добро. Сакаат да ме украдат. Да ме киднапираат. Сакаат да земат нешто од мене што не е нивно“, додал прилично преплашениот Лидон.

Од 1975 до 1978 година, Лидон беше водечки пејач на легендарниот панк рок-бенд „Секс пистолс“, попознат како Џони Ротен. И покрај нивното кратко постоење, тие важат за еден од највлијателните бендови на панк-сцената во Велика Британија, со нивниот единствен албум „Never Mind the Bollocks, Here’s the Sex Pistols“. По распадот на бендот, тој ја основа „Паблик имиџ лимитед“, со која објави осум албуми, а оваа година се обидоа да се пласираат и на Евровизија.

Во април, трагично, по долга битка со Алцхајмеровата, ја загуби сопругата Нора со која се ожени во 1979 година. Од 2020 година целосно се грижеше за неа, а претходно го презема старателството над нејзината ќерка Аријана и внуците.

 

Поврзани содржини