ФУДБАЛОТ НЕ Е САМО МАШКА РАБОТА Фудбалска судијка во Струмица му судеше на својот сопруг фудбалер
Фудбалската судијка Ирена Велевеличковска и нејзиниот сопруг, фудбалерот на Брера, Александар Ристевски, беа главните актери на прволигашкиот дуел во Струмица.
Дуелот меѓу фудбалските прволиграши Брера Струмица и Воска Спорт ќе остане запишан како прв во историјата на македонскиот фудбал на кој фудалска судијка му судеше на својот сопруг фудбалер.
Главни актери во овој необичен дуел беа фудалската судијка Ирена Велевеличковска и нејзиниот сопруг, фудбалерот на Брера Струмица, Александар Ристевски, објави порталот Штипски асови.
-Судиската четворка не направи ниту една грешка во Струмица. Судеше објективно и професионално. На теренот нема пријателство, мора да се суди по правилата на фудбалската игра – рече Ристевски за штипскиот портал.
Во овој историски дуел, Брера Струмица ја победи Воска Спорт со 2-0.