РАСТЕ БРОЈОТ НА УБИЕНИ ВО УЧИЛИШТЕТО ВО БЕЛГРАД Седмоодделенецот го украл пиштолот на својот татко и распалил во училницата
Три деца се хоспитализирани во Детската универзитетска клиника во главниот град на Србија, од кои две се во стабилна состојба, но едно дете и натаму е во критична состојба, пренесува порталот Нова.
Осум деца, припадник на обездедувањето и професорка се убиени кога 14-годишно момче пукаше во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, јави Б92, потенцирајќи дека засега нема официјална потврда.
Убиството го извршило 14 годишно момче, а според информациите на овој медиум, момчето со пиштолот на својот татко влегло во една училница каде бил во тек час по историја и отворил оган кон учениците.
Три деца се хоспитализирани во Детската универзитетска клиника во главниот град на Србија, од кои две се во стабилна состојба, но едно дете и натаму е во критична состојба, пренесува порталот Нова.
Неофицијално, се говори за повеќе од 10 ученици со прострелни рани кои биле пренесени во Ургентниот центар.
Прва жртва на нападот бил чуварот во училиштето, идентификуван како Драган, кој набргу откако бил застрелан, починал од раните.
Пред училиштето „Владислав Рибникар“ биле испратени повеќе возила на Итната помош кои се обиделе да им помогнат на ранетите деца.
Откако го извршил злосторството, 14 годишното момче побегнало но набргу потоа било уапсено од полицијата.
УЧЕНИК ПУКАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БЕЛГРАД Убиен е чуварот, а има и повредени