БЕЛЧЕВА НЕ ЈА ПОДДРЖА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ДИВОГРАДБИ, НО ЗАТОА МАНИПУЛИРА СО ТРЕСКА Општина Центар реагираше на пресконференцијата на „Шанса за центар“

Симптоматично е што „Шанса за Центар“ ништо не кажа, ниту даде поддршка за една од најдобрите иницијативи на општината, а тоа е иницијативата за измена во Законот за бесправно градење, велат од Општина Центар.

1,905

Општина Центар реагираше на денешната пресконференција на советниците на „Шанса за Центар“ и Јана Белчева каде беше изнесено дека општината целосно го игнорира конкурсот и идејните решенија за просторот кај поранешна „Треска“ во Скопје.

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на општина Центар:






„Јана Белчева и ,,Шанса за Центар” ја премолчаа иницијативата на градоначалникот Горан Герасимовски, со која дивоградбите наместо да се рушат да се стават во функција на граѓаните. Ова само покажува колку се искрени намерите на Белчева за заштита на интересот на центарци.

Симптоматично е што „Шанса за Центар“ ништо не кажа, ниту даде поддршка за една од најдобрите иницијативи на општината, а тоа е иницијативата за измена во Законот за бесправно градење. Запрепастува фактот дека Белчева и оние кои ги изградија своите политички кариеири на тема урбанизам, не дадоа никаква поддршка за оваа иницијатива на градоначалникот Герасимовски, но се тука да шират дезинформации” се вели во реакцијата.

Ниту Белчева, ниту ,,Шанса за Центар” понудиле некакво конкретно решение на тема урбанизам, со што само потврдуваат дека нивното делување е само од политички побуди и празна дискредитација.

Граѓаните на Центар да бидат спокојни, градоначалникот Герасимовски до крај ќе го почитува законот за градење и секоја педа државно земјиште ќе биде заштитено и наменето за граѓаните, законите за градба целосно ќе се почитуваат” се вели во соопштението на Општина Центар.

Поврзани содржини