БИТОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ОПАСЕН РАЗБОЈНИК Се заканувал со пиштол или нож и ограбувал аптеки и обложувалници
Откриено е дека Н.Д.(43) од Битола е извршител и на нерасветлени грабежи уште од лани и одреден му е 30-дневен притвор.
Битолската полиција вчера го уапсила Н.Д.(43) од Битола поради сомнение за извршени повеќе разбојништва на подрачјето на Битола.
„Имено, на 11. април годинава околу 08.00 часот, во аптека на ул.„Солунска” во Битола, пријавениот Н.Д. со закана со пиштол кон вработената, од магацинскиот простор одзел пари. На 18. април во 06.55 часот, Н.Д. од аптека на ул.„Димитар Илиевски Мурато”, со закана со нож кон вработената, од магацински простор на аптеката, одзел пликови со сметки.
Исто така, утврдено е дека на 16. мај 2022 година во 08.40 часот, пријавениот во обложувалница во комплекс Безистен во Битола, со закана со нож од вработената одзел пари.
Н.Д. е приведен и против него до ОЈО Битола е поднесена пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”, (чл. 237 ст.1 од Кривичниот законик), а судија на претходна постапка на лицето му определи мерка притвор од 30 дена“ – информира СВР Битола.